Дома Фудбал Eкитике ја призна грешката: Тоа не беше паметна работа

Eкитике ја призна грешката: Тоа не беше паметна работа

Уго Екитике го пропушти натпреварот на Ливерпул против Кристал Палас, а причината е необичниот црвен картон што го доби во натпревар од Купот на Лигата.

Екитие го постигна победничкиот гол за „црвените“ против Саутемптон во Купот, но потоа доби необичен и невнимателен црвен картон. Францускиот напаѓач веќе имаше жолт картон, а по прославувањето на голот, кога го соблече дресот, заработи и втор жолт, што автоматски значеше црвен картон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во изјавата по натпреварот со Кристал Палас, Екитике ја призна својата грешка:

„Црвениот картон не беше паметна одлука. Ми беше тешко што морав да ги гледам дечките од далеку минатата сабота.“

Францускиот напаѓач исто така се извини:

„Како што реков, се извинувам на сите, на сите мои соиграчи. Ова нема да се повтори. Продолжувам понатаму.“

Екитик на пет натпревари во Премиер лигата постигна три голови и додаде една асистенција. Ова е одличен старт на кариерата во Англија, но ваквите грешки мора да ги избегнува во иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поведена постапка против Сејдини: ФФМ ќе прави ревизија и на тренерските лиценци

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, на денешната седница, донесе одлу…