Дома Фудбал Екипата на Реал ја изненадија управата – му изразија поддршка на Алонсо

Екипата на Реал ја изненадија управата – му изразија поддршка на Алонсо

Реал Мадрид во неделата успеа да го победи тимот на Алавес на гостински терен со резултат од 2:1, задржувајќи се во трката за титулата во шпанското првенство заедно со водечката Барселона. Победата дојде во премногу тежок период за тренерот Чаби Алонсо, кој беше под силен притисок од јавноста поради проблемите со повредите и суспензиите во тимот.

Според написите на порталот Defensa Central, претседателот Флорентино Перез бил многу загрижен кога го дознал почетниот состав. Наводно бил шокиран кога видел дека младинецот Виктор Валдепењас игра на левата бек позиција и бил песимистичен пред натпреварот, на кој дури и не отпатувал. Во импровизираната одбрана со Рудигер и Раул Асенсио на централните бек позиции, десен бек беше Валверде.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, без оглед на сите пречки, Реал оствари клучна победа. По два последователни пораза и слаба серија на резултати, Родриго го постигна победничкиот гол во 75. минута, со што Реал се доближи до Барселона на само четири бода разлика. По натпреварот, играчите јасно ја покажаа нивната поддршка за тренерот. Defensa Central објави дека Алонсо бил пречекан со аплаузи во соблекувалната и пораката: „Со тебе сме, мистер. Оваа победа е твоја“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го бојкотира и денешното дерби, a челниците на лигата му објаснија како се носат засилувања

Кристијано Роналдо денес ќе ја пропушти втората последователна натпревар против Ал-Итихад …