Дома Останати Ракомет ЕХФ ги одреди домаќините на Европските првенства за 2030 и 2032 година

ЕХФ ги одреди домаќините на Европските првенства за 2030 и 2032 година

Изминатиот викенд во Виена се одржа вонредниот конгрес на Европската ракометна федерација.

Таму беа одбрани домаќините за Европското првенство за мажи ЕХФ 2030 и 2032 година, како и за женското ЕХФ 2032 година.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Во наредниот период ќе биде познат и домаќинот на Европското првенство за жени 2030 година.

Причината поради која сè уште не е познат домаќинот е што ниту една држава досега не аплицирала за домаќинство.

Данска, Полска и Чешка ќе бидат домаќини на Европското првенство за мажи 2030 година.

Европското првенство 2030 година ќе се игра од 10 до 27 јануари 2030 година.

Две години подоцна, Франција и Германија ќе го организираат Европското првенство, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари.

Кога станува збор за ракометарките, Европското првенство 2032 година ќе се одигра во Германија, Данска и Полска од 1 до 19 декември 2032 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија денес го добива противникот во баражот за пласман на Светското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае противникот во бараж …