Изминатиот викенд во Виена се одржа вонредниот конгрес на Европската ракометна федерација.
Таму беа одбрани домаќините за Европското првенство за мажи ЕХФ 2030 и 2032 година, како и за женското ЕХФ 2032 година.
Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓
Во наредниот период ќе биде познат и домаќинот на Европското првенство за жени 2030 година.
Причината поради која сè уште не е познат домаќинот е што ниту една држава досега не аплицирала за домаќинство.
Данска, Полска и Чешка ќе бидат домаќини на Европското првенство за мажи 2030 година.
Европското првенство 2030 година ќе се игра од 10 до 27 јануари 2030 година.
Две години подоцна, Франција и Германија ќе го организираат Европското првенство, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари.
Кога станува збор за ракометарките, Европското првенство 2032 година ќе се одигра во Германија, Данска и Полска од 1 до 19 декември 2032 година.