
Минатото е минато, но во Барселона ќе се прашуваат долго како би изгледало денес доколку во 2014 година го доведоа младиот српски центар Никола Јокиќ.
Денес, Јокиќ е трикратен MВП на НБА лигата, шампион со Денвер Нагетс и за многумина најдобар кошаркар во светот, иако актуелен МВП е Шаи Гилгиос-Александер.
Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст
Во 2014 година, скаутите на Барселона ја посетија Белград за да го гледаат Јокиќ во дресот на Мега. Според тогашните информации, зделката беше речиси готова. Меѓутоа, по една слаба партија на младиот центар, каталонскиот тим одлучи да ја „стави работата на пауза“.
Јокиќ се сеќава на тој момент.
„Имав само еден лош натпревар и тие рекоа: ‘Добро, ќе го одложиме потпишувањето на договорот’. И тоа никогаш не се случи. Се случува, но искрено, ми е драго што така испадна. Барселона е неверојатен клуб, еден од најголемите во Европа, но мислам дека пронајдов свој пат“.
Во друго интервју, дури призна дека тоа бил „најлошиот натпревар што го одиграл“.
Додека Барса се двоумеше, Нагетсите реагираа. На НБА драфтот во 2014 година го избраа Јокиќ како 41. пик. Толку ненаметливо, што во моментот на неговиот избор американската телевизија даваше реклама за „Тако Бал“, сцена која денес е дел од култот на НБА.
Сето останато е историја. Јокиќ стана генерациски играч со просек од речиси 29 поени, 12,5 скока и 10,5 асистенции по натпревар, како и титула во НБА.