Дома Фудбал Едерсон е минато: Гвардиола носи нов голман во Манчестер сити

Едерсон е минато: Гвардиола носи нов голман во Манчестер сити

Очигледно е дека кариерата на Едерсон во Манчестер Сити е при крај, бидејќи овој голман не би седел на клупата, а Гвардиола веќе не го планира како прв голман.

Јасно е дека следното лето тој ќе го напушти „Етихад“, а како што стојат работите, веќе е познато кој ќе биде новиот голман на Манчестер Сити.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, овој тим наводно го завршува трансферот на ѕвездата на Порто, односно Диого Кошта, кој би требало кариерата да ја продолжи на „Етихад“.

Едерсон покажа дека е феноменален голман во изминатите години, и заедно со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити освои голем број трофеи.

Едерсон одигра 359 натпревари во дресот на Манчестер Сити и успеа да ја сочува мрежата недопрена 161 пат, но имаше проблеми со повреди.

Успеа да одигра 27 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, но Гвардиола оваа сезона му даваше многу повеќе доверба на резервниот голман Ортега отколку што беше случај претходно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Динамо Загреб ја подготвува “бомбата” за крајот на трансферниот период – само Мурињо стои на патот!

Голем е бројот на фудбалери кои пристигнаа во Динамо од Загреб, кои по секоја цена сака да…