Дома Фудбал Еден од овие три клуба ќе биде нова дестинација за Грилиш!

Еден од овие три клуба ќе биде нова дестинација за Грилиш!

Џек Грилиш уште не направил одлука за промена на клубот, иако Пеп Гвардиола не го вклучува во плановите за иднината. Сепак, Англичанецот има тежок договор од 300,000 фунти неделно и внимателно размислува за својот следен чекор.

Грилиш е подготвен да замине на позајмица, како што вели Пеп, за да ги добие своите „минути“ на теренот и повторно да се врати во формата од триофалната сезона по трите круни.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Кои се опциите за овој талентиран Англичанец кој во последните две сезони имаше скромна минутажа?

Првата можност е Евертон, и тоа од семејни причини.

Имајќи мали деца, трансферот на „Гудисон Парк“ би му овозможил да остане во Чешир, каде што живее со својата фамилија. Дополнително, Мојс му гарантира слобода во играта и градење на стратегијата околу него.

Географската близина му дава предност наспроти Њукасл, со кого исто така преговараше. Меѓутоа, не треба да се занемари и натпреварувачкиот мотив, со оглед на тоа што овој тим ќе игра во Лигата на шампионите.

Од другите можности, останува Наполи, бидејќи Милан нема финансиски капацитет ни за половина од неговата голема плата (10 милиони евра по сезона). Наполи може да понуди седум милиони плус бонуси, а италијанските медиуми наведуваат дека „агентот“ Де Брујне го убедува да се придружи под Везув.

Се зборува дека вратата кон Астон Вила, каде што беше капитен, е затворена, бидејќи клубот од Бирмингем има други планови, а Грилиш, пак, не размислува за напуштање на Европа и заминување во Саудиска Арабија или МЛС.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Страшно лето за Атлетико: Потрошија 200 милиони евра на осум засилувања!

Додека сите зборуваат за импресивната сезона на Барселона и револуцијата на Реал Мадрид по…