
Во „Куќа на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Леонид Јандреоски остварија средба со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сороано Ортоз, заменикот шеф на мисијата во нашата држава, Паула Навајо Гомез и претставник на шпанската ЛАЛИГА, Естебан Касадо.
Претставникот на ЛАЛИГА, една од топ европските фудбалски лиги, го промовираше проектот „Шпанско-македонскиот фудбалски речник“, илустрирано издание кое нуди широк фудбалски вокабулар на двата јазика и се користи како алатка за комуникација, едукација и поврзување меѓу навивачите и младите.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Фудбалот е универзален јазик кој поврзува луѓе и култури. Преку соработка со институции како ФФМ, сакаме да изградиме долгорочни партнерства кои ќе ја збогатат фудбалската сцена и ќе донесат нови можности за младите“, истакна Естебан Касадо.
Меѓу другото, на состанокот се разговараше и за можностите за идна соработка, особено во делот на едукација и развој на млади тренери, преку програми за соработка со ЛАЛИГА.
„Посетата на претставникот на ЛАЛИГА и амбасадорот на Шпанија е силна потврда за вредноста на соработката и заемната почит што постои меѓу нашите фудбалски заедници. Иницијативата за промовирање на „Шпанско-македонскиот фудбалски речник“ оди подалеку од теренот и го поврзува фудбалот со образованието и културната размена.
Особено ни е важно што разговорите отворија простор и за потенцијална соработка во делот на едукација на млади тренери, во партнерство со шпански клубови во соработка со ЛАЛИГА. Веруваме дека вложувањето во знаење и искуство е најдобар начин да обезбедиме одржлив развој на нашиот фудбал“, истакна генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски.
Од страна на ФФМ беше изразена благодарност за посетата и отвореност за конкретни проекти во иднина, во делот на едукација, размена на искуства и развојни програми инспирирани од позитивните примери на Ла Лига.