
Серхио Рамос сè уште нема нов клуб, но изгледа дека со раширени раце би ги отворил вратите за враќање во Реал Мадрид. Поранешниот капитен на Реал оваа желба ја навести со неговиот лајк на објава на Инстаграм каде се шпекулира за неговиот потенцијален “последен танц” на стадионот Сантијаго Бернабеу. Иако има 39 години, Рамос чувствува дека е во доволно добра форма да му помогне на клубот каде што стана легенда.
Реал Мадрид за следната сезона бара нов дефанзивец, а на пазарот нема многу играчи кои можат да се мерат со искуството и квалитетот на Серхио Рамос, пишуваат шпанските медиуми. Херојот на десеттата Лига на шампиони и капитенот на тимот кој освои три последователни европски титули беше повеќе од обичен играч. Со години го носеше белиот дрес со чест и страст, покажувајќи карактер и персоналност што, според многумина, недостигаат во сегашната соблекувална, додаваат во написот.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Во изминатите години, по своите ангажмани во ПСЖ, враќањето во Севиља и играњето во Мексико, постојано испраќаше сигнали. Никогаш не се откажа од своето минато во Мадрид и би бил среќен ако претседателот Флорентино Перез повторно го покани. Иако ваков сценарио е малку веројатно Активностте на Рамос на социјалните мрежи се јасна порака за неговите намери.