
Менаџерот на Кристал Палас Оливер Гласнер изгледа дека ќе го напушти клубот од Лондон на крајот на сезоната, пренесува Фабрицио Романо, но и неколку англиски медиуми.
Договорот на Австриецот истекува на 30 јуни 2026 година и наводно тој нема да биде продолжен.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Тој го води Палас од 2024 година и за кратко време успеа да постигне големи работи со тимот.
Освои го ФА купот и Суперкупот на Англија (Комујнити шилд), оваа сезона е главен фаворит во Лигата на конференции, а неговиот тим игра многу атрактивен фудбал.
Поради сето тоа се најде на мета на бројни клубови од Премиер лигата, меѓу нив има и поголеми имиња од Кристал Палас и веројатно тоа е главната причина што реши да замине.
„Наводно кажал дека е време за нов предизвик”, известуваат медиумите од Островот.
По 17 одиграни кола во Премиер лигата, Кристал Палас е осми на табелата со 26 бода, а утре ќе го пречека Тотенхем во рамките на 18-та рунда со почеток во 17.30 часот.