Eвропската ракометна федерација денес соопшти дека жалбата на Еурофарм Пелистер за натпреварот против ПИК Сегед е одбиена бидејќи била неоснована.
Битолскиот тим се жалеше на арбитражата од француските судии, Карим и Рауф Гасми. Од ЕХФ сепак сметаат дека судиската двојка добро си ја завршила работата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жалбата беше поднесена за неколку одлуки на судиите. По разгледување на контроверзните судии, потврдени беа опсервациите на судиите во текот на мечот. Според правилата, финалните одлуки на судиите не се подложни на жалби. Поради тоа жалбата се отфрла бидејќи нема основа“, објави ЕХФ.
Следно што би можел да направи Еурофарм Пелистер е да поднесе жалба до Апелациониот суд.