Тимот на Арсенал ова лето доведе пет играчи, но не сака тука да застане. Овие денови многу се поврзуваа со Нзози и Дембеле, а денес во медиумите на Островот се појави и вест дека „топџиите“ сакаат да се засилат и со еден стопер.
Арсенал и со Венгер мака мачеше со стоперските позиции, никако не успеавше да состави два квалитетни стопери. Така е и вој пат, го имаат Сократис, но Кошчиелни ќе биде надвор од терените подолг период.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стопери во Арсенал во овој момент се Мустафи, Сократис, Чемберс и Холддинг, а ниту еден освен Мустафи нема искуство со играње во Премиер лигата.
Поради ваквата ситуација Арсенал би можел да тргне по потписот на Хрватот, Домагој Вида кој веќе е мета на Евертон и Ливерпул.
Во овој момент како потенцијален проблем за реализација на овој трансфер се наведува сумата под која Турците не сакаат да го пуштат Вида, таа изнесува околу 30 милиони евра.
Arsenal boss Unai Emery is plotting a £25m move for Besiktas' Croatian defender Domagoj Vida. (Source: Sun) pic.twitter.com/HFsRCdc6Fs
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 4, 2018