Претседателот на Ленс, Жервис Мартел откри анегдота од пред неколку години кога Реал покажал господски манири.
Рафаел Варан пристигна во Реал во 2011 година како целосен анонимец. „Кралевите“ за францускиот стопер платија 10 милиони евра. Во неговиот договор имало и бонуси во случај Варан два пати да стане шампион со Реал, тоа и се случи во Лисабон и во Милано после победата над Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога Реал го победи Јувентус во Кардиф во 2017 година Ленс немаше право на бонуси, но сепак францускиот клуб добил одреден износ.
„После третата титула немаше договор за бонуси, но испратив емаил до Реал. Им напишав нешто во смисла: Знам дека не ни следуваат бонуси…Им го испратив тој емаил и тие ни платија. Така покажаа класа“, изјави Мартел кој не прцизираше за колкав износ станува збор.
Варан во меѓувреме во Реал прерасна во еден од најдобрите стопери во светот.