Дома Фудбал Лига на шампиони Eве колку ќе заработи Звезда од историската победа против Ливерпул

Eве колку ќе заработи Звезда од историската победа против Ливерпул

Фудбалерите на Црвена Звезда со два гола во првото полувреме против Ливерпул вечерва приредија вистинска сензација во Лигата на шампионите.

Ова беше прва, историска победа за еден српски клуб во новиот формат на најелитното европско фудалско натпреварување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ако ги земеме во предвид парите кои српскиот шампион ги инкасираше во текот на квалификациите и после поминувањето во групната фаза доаѓаме до бројка од околу 15.2 милиони евра.

Но, ниту малку не е занемарлива заработката после сензационалната победа на црвено-белите над актуелниот вицешампион на Европа и петкратен освојувач на ова натпреварување.

Една победа во ова натпреварување носи заработка скоро исто колку и учеството на Звезда во Лигата на Европа – 2.7 милиони евра, додека за реми се плаќа 900.000.

https://youtu.be/9CzGOm3iN7U

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ретки се оние кои ја одбиваат понудата од Баерн Минхен, а овој играч токму тоа го направи

Летниот трансфер период заврши во речиси сите европски лиги, а сега Фабрицио Романо носи в…