Најспектакуларната борба во историјата на УФЦ заврши со доминантна победа на Кабиб Нурмагомедов над Конор Мекгрегор. Конор беше принуден во 4-тата рунда да го предаде мечот.
Главните судии Дерек Клери, Сал Д’Амато и Жункиро Камијо беа едногласи во одлуката. Пред во 4-тата рунда да го „загуши“ Ирецот, Нурмагомедов ги освои сите претходни три рунди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Додека Кабиб во првата, втората и третата рунда освои по 29 од можни 30 бодови, Конор во секоја рунда беше оценуван со 27 бодови.
Кабиб со оваа победа ја продолжи совршената низа во УФЦ, но како голема „црна дамка“ ќе останат случувањата после борбата кога тргна да се пресметува со еден од тренерите на Конор.
Поради таквата ситуација не му беше доделен и шампионскиот појас.
Couple of 10-8s on the official #ufc229 scorecard for Khabib. pic.twitter.com/72QAImjEs1
— Mike Fridley (@mikefridley) October 7, 2018