Дома Фудбал Англија Eве како би изгледала табелата во Премиер лигата без судиските грешки (ФОТО)

Eве како би изгледала табелата во Премиер лигата без судиските грешки (ФОТО)

Англиската Премиер Лига се приближува кон крајот, но шампионот веќе е познат иако се води жестока борба за пласманот за Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Ливерпул убедливо дојде до првата титула после 30 години, па ремито против Барнли во саботата на „Енфилд“ не значи многу за тимот на Јирген Клоп. Сепак Германецот по натпреварот беше лут на некои судиски одлуки.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во последно време многу се приговара за судењето во топ 5 првенства во Европа и изгледа како ниту ВАР да не помага. Покрај Клоп критикуваше и Мурињо, се жалеше и Астон Вила…Работите не се променија премногу.

На еден Твитер профил се појави табелата во Премиер лигата без судиските грешки. Поголема статистика нема, не пишува за какви грешки конкретно се мисли и што е отстрането, меѓутоа изгледа интересно.

И во таква табела Ливерпул е шампион, но на третата и четвртата позиција се Арсенал и Вулверхемптон, а една од поголемите разлики е што Манчестер Јунајтед тука се наоѓа дури на 10. позиција. Ќе потсетиме, Јунајтед на актуелната табела се бори за место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Легендарен судија во Шпанија: Повеќето судии се наклонети кон Реал

Во земја каде што фудбалот има речиси религиозно значење, ривалството помеѓу Реал Мадрид и…