Со селекторот Игор Ангеловски на денешната прес-конференција присуствуваше и Елиф Елмас кој беше стрелец против Словенија во претходниот натпревар.
Елмас како и секогаш, не го потцени Казахастан, но најави дека сака победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Очекувам добар натпревар, Моите очекувања се секогаш да се оди на победа па така и сега. Се надевам дека утре ќе ги израдуваме навивачите“.
Ова се подготвителни натпревари, но оние на Европското првенство ќе бидат нешто сосема поразлично.
„„Добро знаеме каква е разликата меѓу овие натпревари и оние на Европското првенство. Тоа ќе бидат натпревари со многу поголем интезитет, но голем дел од нас во репрезентацијата играат во силни клубови и навикнати сме на такви натпревари“, порача Елмас.
Ќе потсетиме натпреварот со Словенија заврши 1:1, а со Казахстан играме утре од 18:00 часот.