Фудбалерите на Олимпијакос се пласираа во четвртфиналето на Конференциската лига откако на реваншот во Бачка Топола го надополнија поразот од Пиреја од 1:4 и го совладаа Макаби дури 1:6 по продолженијата (вкупни 5:7).
Кога минатата недела Макаби од Тел Авив ја наполни мрежата на Олимпијакос во Пиреја и победи со 1:4 изгледаше дека израелскиот претставник е новиот четвртфиналист на Конференциската лига. Но во фудбалот чуда се случуваат, па така беше и вчера во Бачка Топола.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сè започна со голот на одличниот Поденс. Тој постигна гол во 10. минута и имаше две асистенции до крајот на полувремето, најавувајќи шокантен пресврт за Олимпијакос.
Пеналот што го реализираше Захави во 57. минута му даде надеж на Макаби дека може да најде решение за мотивираните фудбалери на грчкиот тим. Елем, Ел Каби постигна гол во 65-та минута за 1:4 со што резултатот од Пиреја веќе беше анулиран.
Стеван Јоветиќ пропушти добра прилика да го реши прашањето на победникот уште во регуларните 90 минути, но не реализираше. Не успеа тогаш, но успеа во продолжението кога од тешка позиција го матираше Миспати, додека Ел Араби ги постави конечните 1:6 и вкупни 5:7.
Дефинитивно ова е еден од најголемите пресврти видени во последните години во европските натпреварувања.