Пеп Гвардиола добива критики од јавноста откако беше елиминиран со Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Пред неколку години Сити го доведе Гвардиола, а неговата главна цел беше да ја освои Лигата на шампионите, но шпанскиот стратег се уште не успеал да го оствари тоа. Минатата сезона Сити беше поразен во финалето од Челзи, додека оваа испаднаа во полуфиналето од Реал Мадрид после продолженија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Уште сега почна да се шпекулира дека Гвардиола бара уште пари од газдите на Сити за засилувања. Како што стојат работите првото големо засилување во летниот преоден рок за „граѓаните“ ќе биде Ерлинг Халанд.
Критики за тренерот на Манчестер Сити испрати и Патрис Евра.
„На Сити му е потребен лидер со карактер на теренот, но Гвардиола не сака такви играчи. Тој не може да пднесе кога некој играч има силен каракте и пати од тоа тој да биде единствениот лидер кој ќе се слуша. Јасно е дека тренерот треба да биде главен, но мораш да имаш лидер и на теренот. Кога во натпреварите на теренот ти треба лидер тоа не може да биде Гвардиола. Сака се да контролира, секоја одлука сака сам да ја носи“, смета Евра.
За Евра Манчестер Сити не е гигант затоа што во својата историја скоро и да нема ништо поголемо.
„Сити е исто што и ПСЖ. Тоа се клубови кои се темелат на пари. Имаат и останатите големи клубови пари, но и огромна историја зад себе. Сити има само пари и поради тоа играчите одат таму. Тоа не е клуб гигант, туку клуб богаташ“, заклучи Французинот.