Дома Фудбал Душан Тадиќ на 36 години добил понуда која не може да ја одбие – го сака клубот каде што играше во најдобра форма!

Душан Тадиќ на 36 години добил понуда која не може да ја одбие – го сака клубот каде што играше во најдобра форма!

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Душан Тадиќ (36), на лето ќе стане слободен играч бидејќи му истекува договорот со Фенербахче, а уште не е познато дали ќе го продолжи. Жозе Мурињо е задоволен, меѓутоа Тадиќ во моментот го привлекува и понудата од Ајакс, клубот во кој играше најдобриот фудбал во животот.

Тадиќ го напушти клубот бидејќи не се согласуваше со клупската стратегија и одлуките на раководството, но сега, речиси две години по неговото заминување од Амстердам – се буди старата љубов. Како што пренесуваат медиумите од Холандија, Тадиќ добил понуда за двегодишен договор со опција за продолжување на уште две сезони, што значи дека би играл за Ајакс до 40. година. Секако, не е уште познато дали се работи само за играчки договор, бидејќи Тадиќ веќе имаше амбиции да се проба и како директор, зошто да не и тренер на славниот клуб ако се укаже можност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мењан прими „смешен“ гол (видео)

Тимот на Фејенорд води на полувреме против Милан во плеј-оф натпреварот од Лигата на шампи…