
Никола Јокиќ и оваа година е еден од фаворитите за МВП титулата, но за новинарите Србинот е аутсајдер во таа трка. Тој став го налути Кевин Дурент.
Денвер на Јокиќ е втор на Западот, а оваа сезона во просек постигнува 28.8 поени по натпревар, со 12.9 скокови, 10.5 асистенции, 1.8 украдени топки и 0.7 блокади.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Главен конкурент за МВП титулата оваа сезона му е Шеј Гилџус-Александер, а новинарите по оваа тема разговараа и со Кевин Дурент. Го прашаа што мисли за фактот дека Никола Јокиќ е аутсајдер во МВП трката.
Дурент малку се налути поради ова прашање:
„Не дозволувам да зборувате така. Јокиќ не може да биде аутсајдер. Никогаш, во ниедна ситуација“, изјави Дурент.