Дома Останати Кошарка Дурант се налути поради прашање на новинар за Јокиќ

Дурант се налути поради прашање на новинар за Јокиќ

Никола Јокиќ одигра незаборавен натпревар и во победата на Денвер против Финикс (149:141 по продолжение) постигна историски трипл-дабл, со запишани 31 поен, 21 скок и дури 22 асистенции, станувајќи првиот кошаркар во НБА лигата кој на една средба постигнал 30/20/20 учинок.

Да не беше тројката на Кевин Дурент, Јокиќ ќе завршеше натпреварот со 26 поени, 18 скокови и 17 асистенции, што само по себе е многу импресивно, но во продолжението ја искористи можноста да влезе во историјата каде што доминираше и помогна на Денвер да ја оствари победата.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Новинарите го прашаа Кевин Дурент за неговото мислење за трката за МВП и Никола Јокиќ го нарекоа „аутсајдер“ во однос на Шеј Гилџес-Александер. Тоа го изнервира американскиот легендарен играч и реши да го каже своето мислење.

– Не е аутсајдер! Престанете! Нема да го дозволам тоа. Престанете да зборувате така, Јокиќ никогаш не е аутсајдер. Никогаш. Престанете. Не велам дека ни еден од нив двајца не треба да биде МВП, но Јокиќ не може да биде аутсајдер. Таа глупа приказна заврши кога првпат стана МВП – гласно и со насмевка на лицето рече Кевин Дурент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ѓоковиќ се јави по неверојатниот рекорд на Јокиќ (Фото)

На феноменалната партија на Никола Јокиќ во натпреварот од НБА лигата реагираше и најдобри…