Дома Фудбал Дрогба емотивно го одбрани Мурињо: Како може мојот татко да е расист

Дрогба емотивно го одбрани Мурињо: Како може мојот татко да е расист

Поранешниот фудбалер на Челзи Дидие Дрогба, кој година и пол играше и во Галатасарај, испрати порака до “Џим Бом” со која го одбрани Жозе Мурињо од обвинувањата за расизам.

Специјалниот повторно ја вжешти атмосферата во Турција со својата изјава по големото дерби помеѓу Фенербахче и Галатасарај, кога изјави дека на клупата на “жолто-црвените” “скокаа како мајмуни”. Од таборот на водечката екипа во турската лига се засегнаа и го заплашија Моу и со суд, и со поднесување пријава до ФИФА и УЕФА. Дрогба се обрати на својот поранешен клуб за да го одбрани Жозе, со кого е многу блисок од времето кога работеа заедно во Челзи.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


“Драги, Галатасарај… Знаеш колку горд сум што ја носев жолто-црвената маица, исто како и за мојата љубов кон најтрофејниот клуб во Турција. Сите знаеме колку страствени и вжештени можат да бидат овие дерби натпревари и имав среќа да го доживеам тоа. Ги видов последните коментари за Жозе Мурињо. Го познавам Жозе веќе 25 години, затоа верувајте ми кога ви велам дека тој не е расист и историјата може тоа да го потврди. Да се фокусираме на нашите натпревари и да ги поддржиме нашите брилијантни лавови за да се приближиме до пет звездички. Како може татко ми да е расист… ајде, момци.”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата за Модриќ: Во Италија може да игра и со цигара во устата

Италијанските медиуми последниве неколку дена посветија големо внимание на доаѓањето на Лу…