Дома Фудбал Драма во соблекувалната на европскиот шампион: Дембеле дознал што направил Енрике, па предизвикал хаос

Драма во соблекувалната на европскиот шампион: Дембеле дознал што направил Енрике, па предизвикал хаос

Осман Дембеле минатата сезона играше во животна форма и со Пари Сен Жермен освои речиси сè што можеше, поради што заслужено ја доби Златната топка. Но, оваа сезона за Дембеле моментално е за заборав, а она што најтешко му паѓа е одлуката што ја донесе Луис Енрике.

Парижаните минатата сезона ја продолжија доминацијата во Франција, но и конечно стигнаа до титулата во Лигата на шампионите што толку долго ја чекаа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓу најзаслужните за одличните игри на ПСЖ беше Осман Дембеле, кој минатата сезона играше во форма на животот, што му донесе заслужено Златната топка.

Сепак, оваа сезона не оди како што Дембеле очекуваше, бидејќи се „вратил на старите навики“ имајќи предвид дека повторно го мачат повреди, како што беше случај додека играше во дресот на Барселона.

Француските медиуми наведуваат дека Енрике не сака да брза со минутажата на Дембеле, бидејќи направил грешка пред неколку месеци. Тогаш Дембеле исто така се врати по повреда, но брзо потоа повторно се повреди.

Енрике смета дека прерано почнал да игра и сега сака постепено да му ја зголемува минутажата за да не направи иста грешка, но Дембеле со таквата одлука не е воодушевен.

Канал Плус наведува дека Демебеле покажал дека е незадоволен од одлуката, бидејќи не игра колку што сака и смета дека може, што го нарушило неговиот однос со Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луд навивач стана хит на Африканскиот Куп на Нации: За кого навиваше?

Неделава во Мароко започна Африканскиот куп на нации, каде што најдобрите африкански репре…