Дома Фудбал Останато Драма во Црна Гора: Легендарниот Ивица Костелиќ спасен од давење

Драма во Црна Гора: Легендарниот Ивица Костелиќ спасен од давење

Вистинска драма се случи синоќа недалеку од црногорскиот приморски град Улцињ каде што војската го спаси легендарниот хрватски скијач Ивица Костелиќ и неговиот пријател за време на возење кајак.

Како што потврдија од Владата на Црна Гора за медиумите, Костелиќ бил на возење со кајак, но силниот ветер и брановите повисоки од три метри ги превртеле и ги однеле далеку од брегот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Како што беше потврдено од медиумите во Црна Гора, Костелиќ со уште еден странски државјанин бил спасен во “сложени околности” откако реагирале патролни чамци за брзи интервенции на Морнарицата на Црна Гора со хеликоптерска поддршка од воздух.

Костелиќ и неговиот пријател биле извлечени доцна синоќа од морето. Со Костелиќ, бил и еден француски државјанин.

ЗОтежнителна околност беа тежките временски услови. Спасувачите успеале да ги најдат двајцата мажи благодарение на координирани напори на цивилни и воени екипи.

“Костелиќ и Французинот во разбрането море ги нашла и спасила екипажот на еден од новите брзи патролни чамци на Морнарицата ВЦГ. Двајцата спасени мажи се добри, но поради претпазливост се предадени на тимот на Брза помош кој ги чекаше во Лука Бар каде што патролниот чамец влезе околу 22:45”, стои во текстот на црногорските Вијести.

Двајцата се добро, но се предадени на понатамошно лекарско решавање за превенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најдобрите теквондости во светот на 29ти и 30ти Март ќе бидат во Скопје!

Оваа година Скопје Опен прераснува во најголемиот спортски настан во државата. Очекуваме н…