Дома Фудбал Драма на повидок: Вирц се договори со Баерн, а Леверкузен со Манчестер Сити?!

Драма на повидок: Вирц се договори со Баерн, а Леверкузен со Манчестер Сити?!

Флоријан Вирц скоро сигурно ќе го напушти Баер Леверкузен ова лето, но сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.

Иако веќе со денови се знае дека Вирц постигнал личен договор со Баерн Минхен, Скај Спортс денес открива нови информации. Според овој извор, Леверкузен прави сè за нивната прва ѕвезда да не заврши во редовите на големиот ривал, затоа Баер му дал дозвола на Манчестер Сити да започне преговори со германскиот репрезентативец.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Но, колку и да звучи чудно, Баерн му нуди на Вирц поголеми примања, меѓу 20 и 25 милиони евра годишно, што Сити нема да му го понуди, бидејќи би ја нарушило нивната хиерархија.

Вирц и понатаму гледа кон Минхен, свесен дека пред него е долга кариера и дека останувањето во Бундеслигата можеби е најдоброто решение за неговиот понатамошен развој.

Во Баерн играат и негови бројни пријатели од репрезентацијата, особено Џамал Мусиала, со кого е најблизок.

Што се однесува до обештетувањето, се знае дека Бајер нема да го пушти под 100 милиони евра, а толку ќе бидат подготвени да платат и Бајерн Минхен и Сити, само е прашање кој ќе го убеди Вирц. Во моментот Бајерн е во пол-позиција, но и Бајер е вклучен во одлуката…

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Пипо Инзаги со палестинско знаме го прослави влезот во Серија А (Видео)

Италијанската фудбалска легенда Филипо Инзаги мавташе со палестинското знаме при прослават…