
Кипарската јавност утрово беше потресена од веста за смртта на Ставрос Демостенос, долгогодишен спортски работник и бизнисмен, кој отворено се залагаше за длабоки промени во Фудбалската федерација на Кипар. Сѐ до неговата смрт, беше сопственик на клубот Кармиотиса.
Полицијата истражува сурово убиство извршено утрово непосредно пред 10 часот. Жртвата е идентификувана како 49-годишниот Ставрос Демостенос, позната фигура во кипарскиот фудбал и локалните деловни кругови.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Демостенос долги години е активен во кипарскиот фудбал, како сопственик на прволигашот Арис од Лимасол и Кармиотиса.
Оваа година тој беше во центарот на вниманието со својот повик за длабоки реформи во Фудбалската федерација на Кипар. Застапуваше внесување „нова крв“ во кипарскиот фудбал, но никогаш не се кандидираше за претседателското место.
Kıbrıs’ın ‘Al Capone’sine infaz!
— Dr. Sefa Karahasan (@sefakarahasan) October 17, 2025
📍Güney Kıbrıs’ın Al Capone’u olarak da anılan ve Rus kara para aklamasına yardımcı olma rolünü üstlendiği suçlaması yapılan Limasol Spor Eski Başkanı Stavros Demosthenos, oğlunu hasteneye götürken aracının içerisinde öldürüldü.
Güney Kıbrıs’ta… pic.twitter.com/N3bhtbjecj
Властите соопштуваат дека осомничениот напаѓач, возејќи мотоцикл, пукал во Демостенос додека тој управувал со својот Rolls-Royce на автопатот во Лимасол. Автопатот е затворен додека трае истрагата.
Веста за неговото убиство предизвика промени во распоредот на фудбалските натпревари на Кипар. Денеска неговиот клуб Кармиотиса требаше да игра против АСИЛ, но натпреварот е одложен до понатамошно известување.