Дома Останати Тенис Драма: Гром удри во авионот на еден од најдобрите светски тенисери!

Драма: Гром удри во авионот на еден од најдобрите светски тенисери!

Германскиот тенисер и светски број три, Александар Зверев, се соочи со вистинска драма откако авион во кој патуваше беше удрен од гром на пат кон Париз.

Зверев потенцираше дека гром удрил во авионот со кој патуваше на Ролан Гарос – вториот Голем слем турнир, кој започнува во недела.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Германскиот тенисер пристигна на Ролан Гарос и таму одржа прес-конференција за новинари. Тој сподели застрашувачки детали кои го следеле додека пристигнувал во главниот град на Франција, каде се одржува еден од најпрестижните тенис турнири на сезоната.

Зверев за време на медиумскиот настан во Ролан Гарос објасни дека гром удрил во неговиот авион, што го натерало на принудно слетување.

“Требаше да полетаме синоќа во 18:45, но во авионот ни удри гром и мораше принудно да слетаме во Хамбург,” рече Зверев пред новинарите, објаснувајќи дека авионот не се нишал, но слушнал силна бука.

Неговото пристигнување во Париз се случи подоцна од предвиденото. Наместо попладне, авионот полетал дури во 1 часот по полноќ, пристигнуајќи два часа подоцна.

Сепак, Зверев успеа да го одработи планираниот тренинг денес, а потоа и да одржи прес-конференција. Германецот ќе биде еден од фаворитите на Ролан Гарос, откако минатата година стигна до финалето.

Фото: Alexander Zverev/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Швјонтек го нападнала новинарот на Ју-Ес Опен (Видео)

Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше расправија со новинар на Ју-Ес Опен. Швјонтек беше е…