Дома Фудбал Драконска казна за местење: Балкански тим исфрлен од Европа на 10 години

Драконска казна за местење: Балкански тим исфрлен од Европа на 10 години

Шокантна вест пристигнува од Црна Гора, каде Арсенал од Тиват е исфрлен од Европа на 10 години!

Според „Vijesti“, клубот од Тиват ќе мора да плати и половина милион евра казна, а казнети се и фудбалерите и претставникот на клубот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Фудбалерот Никола Челебиќ и претставникот на клубот Ранко Крговиќ добиле доживотни забрани за работа во фудбалот, додека 10 години надвор од спортот ќе мора да бидат и капитенот на екипата Ќетко Манојловиќ, како и Радуле Живковиќ и Душан Пулетиќ.

Ова е епилог на скандалот во квалификациите за Конференциската лига во кој Арсенал од Тиват играше против Алашкерт.

Арсенал пред две години во реваншот од квалификациите за Конференциската лига како домаќин загуби од Алашкерт со 6:1 и тој натпревар беше под лупа на УЕФА.

Први за ова пишуваа полските медиуми, со наведување дека за време на првото полувреме, иако до 35-та минута резултатот беше 0:0, обложувалниците примиле облози во вредност поголема од 250.000 евра на играта “2+ во првото полувреме”. Првиот гол паднал во 40-та минута, а вториот во судиското продолжение.

Квотата во тие моменти била дури 30 во некои обложувалници. Сомнителните уплати продолжија во второто полувреме со облози на 5+ и 7+.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба: Интер се договори со ѕвездата на Аталанта

Напаѓачот на Аталанта Адемола Лукман ќе го напушти Бергамо ова лето. Голем број европски к…