Дома Останати Кошарка Дончиќ во Лос Анџелес доби мурал и тоа со Коби Брајант (Видео)

Дончиќ во Лос Анџелес доби мурал и тоа со Коби Брајант (Видео)

Никој во Далас сè уште не се помирил со заминувањето на Лука Дончиќ, а во меѓувреме, во неговиот нов клуб и град Лос Анџелес веќе го засакаа својот нов миленик.

Јавноста штотуку се смири по историската размена во која Дончиќ го замени дресот на Далас Маверикс со оној на Лос Анџелес Лејкерс, а додека словенечкиот кошаркар почнува да се адаптира на новиот клуб и живот, во градот Лос Анџелес му приредија чест каква не можеше ни да замисли.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Лука Дончиќ веќе добива мурал во градот Лос Анџелес. И тоа на него Дончиќ е рамо до рамо со најголемата клупска икона Коби Брајант.

Муралот е направен така што покојниот Брајант го пречекува Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс. Брајант му подаде рака на Дончиќ и му го остави во наследство дресот на Лејкерс, кој ќе биде сигурен во рацете на словенечкиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонија сака победа во Талин за задржување на надежите за пласман на Евробаскетот!

Koшаркарската репрезентација на Македонија денеска ја очекува уште една важна битка во пре…