Дома Останати Кошарка Дончиќ по дебито: Бев нервозен, одамна ми се нема случено такво нешто

Дончиќ по дебито: Бев нервозен, одамна ми се нема случено такво нешто

Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Јута Џез со 132:113. Постигна 14 поени (4/7 за два поени, 1/7 за три поени), со пет скокови и четири асистенции. 

Словенецот истакна дека имал трема пред натпреварот по долго време.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


„Тоа беше нешто посебно. Кога ги гледав момците на теренот во последните натпревари, мислев само дека сакам да играм со нив“, продолжи словенечкиот репрезентативец. 

Долго време беше на пауза, односно последниот натпревар го одигра на 25 декември во поразот на Далас од Минесота 99:105. 

„Бев малку нервозен. Одамна ми се нема случено такво нешто пред натпревар. Не играв долго време. Ова е нов тим за мене. Но, забавно беше на теренот“, беше искрен Лука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Клиперс потврди: Богдановиќ доби соиграч од Бруклин

Досегашниот кошаркар на Бруклин, Бен Симонс, ноќеска потпиша за Лос Анџелес Клиперси, обја…