Големата размена во НБА помеѓу Далас и Лејкерс предизвика бура од реакции, а најновите вести велат дека Лука Дончиќ има проблеми со тежината.
Според информациите од ESPN, Словенецот вели дека моментално тежи 122 килограма, што предизвика многу прашања на вчерашната прес-конференција на која Дончиќ беше претставен како нов играч на Lakers.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Се шушкаше и дека Дончиќ не е во форма, но тој го негираше тоа и нагласи дека таквите тврдења дополнително го мотивираат.
“Тие коментари сами по себе ми даваат мотивација. Иако тоа не е вистина, знам дека ќе се бориме заедно и ќе успееме. Пристигнав во еден од најголемите клубови во спортската историја и тоа ми дава голема мотивација за долгорочен успех овде,” изјави Дончиќ.
Дончиќ синоќа за прв пат беше активен како играч на Lakers, седејќи на клупата за резерви и гледаше како Џезерите го поразија тимот на Clippers со 122:97 во градското дерби.
Во исто време, неговиот поранешен тим, Dallas, претрпе пораз на гостувањето кај Philadelphia со резултат 118:116.