Дома Останати Кошарка Дончиќ: Следува војна во Минесота

Дончиќ: Следува војна во Минесота

По лошиот прв натпревар каде што Минесота славеше без големи проблеми, ноќеска Лос Анџелес Лејкерс успеаја да ја заострат одбраната и да слават со 94:85, а Лука Дончиќ беше подобар од останатите со дури 31 поен, 12 скокови и 9 асистенции. 

Имавме ист план. Не променивме многу работи“, рече Лука Дончиќ. 

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Само беше прашање дали ќе бидеме посилни отколку во првиот натпревар“, рече Словенецот. 

Неговите предвидувања за следните два натпревари кои се играат во Минеаполис?

„Уф, ќе биде тешко. Се сеќавам. Имаат одлични навивачи и се многу бучни. Знаеме дека ќе постигнат некои поени, дека ќе имаат серии, а ние мораме да останеме заедно“, рече Дончиќ. 

„Сите ќе бидат против нас, целата арена. Јас го почувствував тоа, нема да биде лесно. Без оглед на сè, мораме да сиаме заедно“, рече тој. 

Додаде и дека тој и Леброн мораат да го држат тимот под контрола. 

„Очигледно е дека не смееме да паничиме. Леброн и јас сме лидери на тимот. Мораме да го држиме тимот заедно. Одењето во Минесота ќе биде војна“, рече тој. 

Фотографија: Los Angeles Lakers/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кошаркарите во НБА-лигата се изјаснија кој треба да биде МВП

Најдобриот спортски портал „Атлетик“ спроведе анкета во која НБА играчи гласаа меѓу Никола…