Дома Останати Кошарка Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Дончиќ откри како ослабел 16 килограми: Првпат во животот престанав да играм кошарка

Словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ ужива во одмор по учеството во Евробаскетот со селекцијата на Словенија, која тој ја предводеше до четвртфиналето, каде што беше елиминирана од Германија.

Германија подоцна триумфираше како шампион, а Словенците им приредија вистински предизвик и беа блиску до изненадување и пласман во следната фаза.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По завршувањето на Евробаскетот, Дончиќ даде интервју за The Wall Street Journal, каде зборуваше на тема која беше актуелна ова лето.

Имено, Дончиќ го искористи летото за значително да се ослободи од вишокот килограми, бидејќи претходно често беше критикуван поради тежината и недостатокот на физичка подготовка. Успеа да ослаби дури 16 килограми.

Поради тоа, Дончиќ одлучи да направи радикална промена. Почна со доведување на своето тело и кондиција во идеална форма.

“Првпат во животот престанав да играм кошарка на еден месец,” изјави Дончиќ, опишувајќи како се чувствуваше како без здив во тој период.

Наместо тоа, се фокусирал на кондициски тренинзи и вежби во теретана. Покрај тоа, ангажираше и личен готвач кој го насочи кон интермитентно делегирање оброци, од 20 часот до наредниот ден напладне.

“Сето тоа беа чисти тренинзи и кондиција. Играње падел тенис,” додаде Словенецот.

На Евробаскетот, Дончиќ беше еден од најдобрите играчи на турнирот со просечен учинок од 34,7 поени, 8,6 скокови и 7,1 асистенција по натпревар.

Сега, Дончиќ се фокусира на подготовките за новата сезона во НБА, каде со тимот на Лејкерс ќе ја нападне титулата шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Еуфорија во светот на кошарката: Леброн Џејмс доаѓа во Европа!?

Леброн Џејмс и понатаму изгледа како во својата 25-та година и многумина тврдат дека ќе пр…