Дома Останати Кошарка Дончиќ доминира на теренот, но и надвор од него: Им приредил големо изненадување на соиграчите, сите биле воодушевени!

Дончиќ доминира на теренот, но и надвор од него: Им приредил големо изненадување на соиграчите, сите биле воодушевени!

Лука Дончиќ за првпат се подготвува за новата сезона на НБА лигата во Лос Анџелес, каде дојде во февруари од Далас, во еден од најспектакуларните трансфери во историјата на НБА.

Во новата сезона, Дончиќ ќе го атакува шампионскиот трофеј со Лејкерс, продолжувајќи со сопствената традиција воспоставена во Далас, со организирање на специјални изненадувања за неговите соиграчи.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


“По завршувањето на тренингот, Лука ги води на нешто навистина уникатно”, најави инсајдерот од EСПН, Дејв МекМенафин, за време на вчерашниот тренинг на Лејкерс, а подоцна го откри изненадувањето.

По тренингот, Лука ги поведе сите соиграчи во Ел Сегундо, предградие на Лос Анџелес, каде што германската фирма за спортски автомобили Порше го има своето калифорниско седиште со салони и вистинска тркачка патека.

Меѓу останатото, се организира т.н. “Porsche Driving Experience”, каде гостите можат да се возат на тркачката патека со возила на познатиот производител – или како совозачи или како возачи.

“Лука го организираше настанот така што секој кошаркар има можност да избере три различни автомобили по свој вкус и да ги вози на патеката според нивна желба. Загарантирана е одлична забава, а Лука навистина погоди во точка”, откри инсајдерот.

Дончиќ успеа не само да ги развесели и насмее соиграчите, туку и да ги прикаже Лејкерс во потопла и позитива светлина пред јавноста, откако ЛеБрон Џејмс предизвика гнев кај навивачите со својата неочекувана шега.

Да потсетиме, вчера Леброн најави дека донел голема одлука, што ги наведе сите да помислат дека ќе ја заврши кариерата, но наместо тоа, следеше реклама за познатата марка коњака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Каталонскиот гигант оди на суд: Играч ја тужи Барселона!

Односот кон него одамна беше нарушен, а довербата изгубена. Сега одлучи жестоко да ја „удр…