
Лос Анџелес Лејкерс во победата над Филаделфија 76-ерс со резултат 119:115 освоија поени, но го загубија мирот.
Лука Дончиќ за време на втората четвртина се повреди на левата нога, поради што не се врати на теренот, а сцената со која ја напушти натпреварот веднаш ги активираше алармите во редовите на славниот клуб.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Проблемот се случи 3:30 пред крајот на втората четвртина, во моментот кога Дончиќ беше агресивно дуплиран од двајца противнички играчи.
После лошо додавање и загубена топка, Словенецот се фати за задната ложа на левата нога, а многу брзо стана јасно дека нешто не е во ред.
Дончиќ брзо го напушти теренот и отиде во соблекувалната, а во второто полувреме не се појави. Камерите на Spectrum SportsNet ја забележаа неговата видлива фрустрација, ударот по масата за записи и нервозното движење низ тунелот ги загрижија навивачите на Лејкерс.
Пред да излезе од игра, Дончиќ на теренот помина само 16 минути, во кои запиша 10 поени, 4 скока и 2 асистенции. Иако статистиката не беше спектакуларна, неговото влијание врз играта на Лејкерс беше забележително, особено во организацијата на нападот.
.Лука Дончиќ го удри столот за записничари во гнев и ја спушти главата како што одеше кон соблекувалната 😔
— LakersMuse (@LALMuse) February 6, 2026
Via: _MichaelMorales10 on IG pic.twitter.com/xbuaMtmETp