Дома Останати Кошарка Дончиќ на претставувањето во Лејкер се појави со скапоцен часовник: Еве колку вреди (Фото)

Дончиќ на претставувањето во Лејкер се појави со скапоцен часовник: Еве колку вреди (Фото)

Лука Дончиќ сè уште го чека враќањето на НБА терените откако поради повредата ги пропушти првите натпревари по заминувањето од Далас Маверикс, но на фановите не им избега деталот од неговото претставување во Лос Анџелес Лејкерс.

Дончиќ е заменет во еден од најголемите трејдови во последните децении во НБА лигата и го замени дресот на Маверикс со оној на Лејкерс, а додека се чека неговото деби во тимот од Лос Анџелес, се сумираат впечатоците од овој незапамтен потег во лигата.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар во опремата на новиот клуб ги следи натпреварите на Лејкерс, а еден детал од претставувањето привлече големо внимание од фановите. Станува збор за часовникот што го носеше кога за првпат го фотографираа со жолтиот дрес и бројот 77.

Дончиќ на претставувањето носеше престижен „Audemars Piguet Royal Oak Double Balance Wheel Openworked“ часовник со референтен број „15406BA“.

Часовникот е изработен од жолто злато со дијаметар од 41 милиметар. Не е познато колку платил Дончиќ, но неговата цена во Европа е приближно 215.000 евра.

Дончиќ отсекогаш бил фан на скапоцени часовници, па така често се појавувал на разни свечености со сосема нови и различни часовници од претходните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нико Херисон за трејдот на Дончиќ: Не жалам поради мојот потег, ќе видите и зошто!

Нико Харисон преку ноќ стана „персона нон грата“ во Далас. Причините се повеќе од јасни, г…