Дома Останати Кошарка Дончиќ е максимално подготвен за спектаклот кој се чека: Лука сака одмазда!

Дончиќ е максимално подготвен за спектаклот кој се чека: Лука сака одмазда!

Бурата околу размената на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерси сè уште не стивнува и ова е главна тема во кошаркарскиот свет.

Лука одигра два натпревара за неговиот нов клуб, постигна 14 и 16 поени на натпреварите со Јута, но со ограничена минутажа.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Дончиќ се опоравуваше од повреда, но сето тоа сега заврши.

Всушност, паузата за Ол-Стар му дојде добро на Словенецот да биде целосно подготвен за следните предизвици, а тоа го потврди и тренерот на Лејкерси Џеј Џеј Редик.

Овие пет-шест дена пауза за Ол-Стар добро му влијаеа. Неговата минутажа ќе биде поголема во следниот натпревар. Мислам дека нема да има никакви ограничувања во продолжението на сезоната – рече Редик.

Следува тоа што го чекаше целиот свет, дуелот со Шарлот, а потоа и натпреварот на Лејкерс против Далас.

Знаејќи ја природата на Лука, тој живее за овој натпревар и сака да им покаже на Маверс дека направиле голема грешка.

Останува да го чекаме спектаклот…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ново шоу на Србинот: Јокиќ зборуваше кинески и го воодушеви светот (Видео)

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се наоѓа во Кина каде што го промовира својот бренд на пати…