
Џанлуиџи Донарума истакна дека единствената желба му била да ја продолжи својата кариера во Манчестер Сити, и се чувствува многу горд што тренер како Пеп Гвардиола го побара него во својот тим.
Италијанецот зборуваше пред утрешниот натпревар дома против Наполи, со кој “граѓаните” го започнуваат своето учество во Лигата на шампионите. Откако минатата сезона го освои одличието со ПСЖ, сега Донарума не крие дека една од целите е да го стори тоа и со Сити.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Благодарам на менаџерот! За мене е чест и гордост да бидам тука и да го имам за свој тренер. Ова е историја, фудбалска историја, затоа сум навистина возбуден што сум тука и го имам за свој тренер. Сигурно сè уште имам многу што да подобрувам, можам да дадам многу повеќе, тоа е мојата цел – да продолжам да се усовршувам и да давам сè од себе за тимот. Бев сосема јасен дека желба ми беше да дојдам тука. Тоа беше првата и единствената ми опција – единственото нешто што сакав. Среќен сум што сум во Сити, дел од овој фантастичен тим, оваа фантастична фамилија“.