
Голем удар за италијанската репрезентација на Сан Сиро. И покрај тоа што поведе, тимот на Италија го доживеа целосен пад во второто полувреме и изгуби со резултат од 1:4 од Норвешка. Капитенот Џанлуиџи Донарума посочи дека е „неприфатливо тимот потполно да ја изгуби самодовербата” по примениот гол.
Иако првото место во групата И беше речиси недостижно поради големата разлика во головите, Италија добро го почна натпреварот. Франческо Пио Еспозито донесе предност во првото полувреме, но Норвешка се врати во игра. Антонио Нуса изедначи, а Ерлинг Халанд со два брзи гола направи пресврт, додека Јорген Странд Ларсен го постави конечниот резултат од 1:4 во судиската дополнителната минута.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
“Главниот проблем беше што престанавме да играме во второто полувреме”, изјави Донарума за Скај Спорт Италија и РАИ Спорт. “Во првото полувреме натпреварот беше сосема различен, не им дозволувавме да излезат од својата половина. Тоа треба да го правиме 95 минути, а не само 45, тоа е сигурно”, додаде тој.
“Тоа е болен пораз, но мораме да останеме со кренати глави бидејќи во март ни претстојат важни натпревари. Треба повторно да ја најдеме самодовербата и вербата во себе, а уверен сум дека ќе успееме благодарение на нашиот селектор.”
Селекторот Џенаро Гатузо и плејмејкерот Мануел Локатели едногласно го опишаа менталитетот на тимот како кревок. На прашањето што ја предизвикува таа слабост, Донарума одговори:
“Не знам, тоа е прашање кое сите си го поставуваме. Против одлична екипа како Норвешка може да се случи шанса, но не е прифатливо да се распадне тимот, целосно да ја изгуби самодовербата и контролата врз играта. Тоа е неприфатливо”, рече капитенот.
“Мораме да вложиме напор во тоа, да го слушаме селекторот, да продолжиме да работиме, а кога ќе примиме гол, да останеме фокусирани на играта. Против екипа како Норвешка може да бидеме под притисок 5-10 минути, но мораме да поминеме низ тоа заедно како тим.”