
Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!
Италијанецот влегува во последната година од договорот, за сега нема најави дека ќе потпише нов, а ПСЖ нема да дозволи да си замине следното лето како слободен играч.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Донарума е ценет на пазарот, особено по блескавата сезона во Лигата на шампионите, бидејќи беше меѓу најзаслужните за освоениот трофеј.
Сепак, изгледа дека токму со таа Лига на шампиони ја заокружи својата етапа на “Паркот на принцовите”. Газета дело спорт денес пишува дека Донарума би заминал доколку го повикаат два клуба – Баерн Минхен или Реал Мадрид!
Мануел Нојер е во последната година од договорот, јасно е дека му се приближува крајот на кариерата и Баерн би ја разгледал опцијата да го доведе Донарума.
Од друга страна, Тибо Куртоа со години е неприкосновен на голот на Реал Мадрид и досега нема било најава дека би дошло до промени на голот. Белгиецот сезонава беше еден од најдобрите играчи на Реал, така што не изгледа реално дека Куртоа би бил продаден поради Донарума.
Останува да видиме дали Премиер лигата може да биде опција, доколку Бајерн и Реал не тргнат по потписот на Донарума, но јасно е дека Италијанецот сигурно ќе биде во фокусот на летниот пазар доколку и дефинитивно не потпише нов договор и побара заминување.