
Дон Карло поседува импресивна колекција од сите можни трофеи кои клубскиот фудбал ги нуди, но неговиот најголем предизвик сега е на светската сцена. Како селектор на Бразил, италијанскиот стручњак сонува да се закити со единствената титула која му недостасува – победа на Светското првенство на ФИФА.
Со наближувањето на Светското првенство во 2026 година, Анчелоти има во план една емотивна, но истовремено, историјска мисија – да ја заврши 24-годишната „суша“ на Бразил и можеби да се соочи со репрезентацијата на својата татковина во финалето.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Кога Анчелоти го напушти Реал Мадрид, по што ги одведе до уште една титула во Лигата на шампионите во 2024 година, малкумина можеа да претпостават каде ќе се упати следно. Но, за човекот кој собрал 29 големи трофеи низ Европа, предизвикот да ја води најуспешната фудбалска нација на светот беше непогрешливо привлечен.
Водењето на Бразил, најуспешната репрезентација во историјата, беше шанса која не можев да ја одбијам. Свесен бев за страста овде, но да ја доживеам – тоа е нешто сосема друго. Кога игра Бразил, целата земја застанува.
Желбата ни е да победиме и тоа е јасна цел. Сонот е Бразил да го освои својот шести мундијал. Очеекувањата се големи, но и ентузијазмот. Фактот што не сме победиле 24 години е товар. Да се надеваме дека нема да станат 28! – изјави Карло Анчелоти