Дома Останати Кошарка Доминација на Јокиќ – се поигра со ривалот и им покажа на сите кој е вистинскиот МВП (Видео)

Доминација на Јокиќ – се поигра со ривалот и им покажа на сите кој е вистинскиот МВП (Видео)

Никола Јокиќ продолжува со доминацијата во НБА лигата, на паркетот помина само 29 минути и една асистенција го делеше од тоа да запише нов трипл-дабл – 26 поени (10/11 за два, 1/2 за три, 3/3 од пеналите), 11 скокови, 9 асистенции во победата на Денвер против Феникс (122:105).

Немаше премногу потреба Никола да се заморува, бидејќи Нагетси доминираа од првата до последната минута. Веќе на средината на втората четвртина стигнаа до двоцифрена предност (57:46) која ја зголемуваа до крајот на натпреварот. Поради повреда не беа присутни Мајкл Портер Јуниор и Расел Вестбрук, па Џулијан Стротер беше во почетната петорка и го искористи тоа (18, 6 ск). Единствено попродуктивен од Јокиќ беше Џамал Мареј (30, 6/9 за три, 6 асистенции).


Клучот на иднината! ↓↓↓


Во тимот на Феникс поради повреди не играа Кевин Дурант и Бредли Бил, а сè уште се чека дебито на Василије Мициќ. Српскиот плејмејкер пред неколку дена премина во Феникс и чека да го одигра својот прв натпревар, заедно со Коди Мартин. Најдобар во поразениот тим беше Девин Букер (24, 7 ск).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дресот од дебито на Дончиќ вреди цело богатство

Лука Дончиќ дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс на натпреварот против Јута и во победата со …