Дома Фудбал Долго време Винисиус правеше што сака, а сега Перез ги изгуби нервите и му покажа кое е неговото место

Долго време Винисиус правеше што сака, а сега Перез ги изгуби нервите и му покажа кое е неговото место

Иако многумина се надеваа дека Реал Мадрид ќе изгледа феноменално и дека нема да има рамен на нив штом на клупата на клубот седне Чаби Алонсо, моментално тоа не изгледа ни одблизу како што се очекуваше.

Не им оди добро на челниците на Реал Мадрид ниту на другите полиња бидејќи никако во последните месеци не успеваат да најдат заеднички јазик со една од најголемите ѕвезди во клубот, а се работи секако за Винисиус Жуниор.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Имено, Бразилецот упорно одбива да го прифати тоа што му го нудат челниците на Реал Мадрид и сака да истрае во својот став и да биде тој што ќе одлучува каква ќе биде неговата заработувачка.

Винисиус Жуниор како да падна во втор план откако во клубот пристигна Килијан Мбапе, а сето тоа се одрази и на неговата игра на теренот, но и во преговорите околу новиот договор.

Моментално Винисиус Жуниор заработува околу 18 милиони евра и има откупна клаузула во својот договор која изнесува дури милијарда евра.

Реал Мадрид испрати неколку понуди за продолжување на договорот до агентите на Винисиус во текот на 2025 година, но секој пат добиваа одбивање затоа што Бразилецот не е задоволен од понудата.

На сите им стана јасно дека Винисиус сака да биде над Мбапе, кој наводно заработува околу 30 милиони евра, но Перез тоа нема да го дозволи.

Долг период Винисиус Жуниор го тестираше трпението на Флорентино Перез со своите одбивања на понудите, а конечно претседателот на Реал Мадрид се засити.

Имено, првиот човек на Реал Мадрид донесе одлука дека нема да испраќа нови понуди на адресата на Винисиус Жуниор за продолжување на соработката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доаѓа замена за Левандовски: Флик има на мета еден од најдобрите напаѓачи во светот

Барселона веќе сериозно работи на плановите за следната сезона, и чини се дека една од гла…