Дома Останати Тенис Доктор за повредата на Ѓоковиќ: Треба сите да му се извинат!

Доктор за повредата на Ѓоковиќ: Треба сите да му се извинат!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ поради сериозна повреда на задната ложа, односно руптура на мускулот, го предаде полуфиналето на Австралијан опен на Саша Зверев. Како да не му беше доволно тешко на Ѓоковиќ поради тоа, тој мораше да слуша и приказни дека сè е лажирано, дека воопшто не е повреден, па беше приморан на социјалните мрежи да објави рендгенска снимка.

„За сите експерти“, напиша Ѓоковиќ со снимките од докторот, на кои се гледаат и неговите претходни повреди во Австралија, кога што го обвинуваа дека измислил дека е повреден.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Секако, за многумина таа снимка не значеше ништо, па медиумите контактираа доктори кои би разјасниле што точно се случило со мускулот на Новак Ѓоковиќ. Како што изјави за австралиски медиум Питер Ларкинс, инаку реномиран доктор кој претежно се занимава со опоравување на спортисти, апсолутно нема сомнеж во повредата.

„Тоа е значително истегнување. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што воопшто успеал да одигра неколку мечови откако тоа првобитно се случи. Треба да му се извинат сите кои го обвинуваа дека лаже“, рече Ларкинс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Мекинро: Ѓоковиќ ги „лансира“ Синер и Алкараз во ѕвездите!

Позната е приказната на сите членови на големата тројка дека постојано се мотивирале еден …