Дома Фудбал „Доколку Винисиус го промени својот став, ќе освои три или четири Златни топки“

„Доколку Винисиус го промени својот став, ќе освои три или четири Златни топки“

Иако се сметаше за фаворит, Винисиус Жуниор не успеа да ја освои „Златната топка“ оваа година. Сепак, многумина го гледаат како (повеќекратен) победник во наредните години.

Еден од оние кои го сметаат тоа е и поранешниот фудбалер на „Кралскиот клуб“, 37-годишниот Сами Кедира.


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


Тој даде изјава во која истакна дека за Винисиус е неопходно да го промени својот став на терен каде изгледа прилично нервозно.

„Винисиус менува натпревари. Кога Реал Мадрид не знае што да прави, Винисиус ја добива топката и тоа е тоа, тој некако ја решава ситуацијата. Но морам нешто да додадам. Неговиот став понекогаш… Изгледа исклучително нервозно. И Кристијано беше таков кога беше млад, но брзо се промени.

Ако Винисиус сака да биде како Меси, Зидан, Кристијано или Чави, мора да има повеќе почит кон противниците и судиите. Тоа мора да се промени. Ако Винисиус малку се промени и стане повеќе џентлменски и повеќе наликува на лидер, ќе освои три или четири Златни топки”, рече Сами Кедира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одекна бомба во Аргентина: Кејлор Навас го засили гигантот од Росарио!

Костариканскиот голман Кејлор Навас е новиот голман на аргентинскиот Њуелс Олд Бојс, потвр…