Дома Фудбал Добри вести за Ливерпул: Исак во конкуренција за мечот против Ситија

Добри вести за Ливерпул: Исак во конкуренција за мечот против Ситија

Одлични вести за навивачите на Ливерпул пред големото дерби со Манчестер Сити. Александар Исак, рекордното засилување на клубот (150 милиони евра), денес се враќа на тренинг по тринеделно отсуство поради повреда на препоните. Шведскиот напаѓач, кој последен пат настапи против Ајнтрахт Франкфурт, има реални шанси да се најде во составот за неделната посета на Етихад, барем на клупата.

Неговиот повраток би бил значаен поттик за тимот од Енфилд, особено бидејќи неговото деби во Ливерпул беше тешко, со само еден постигнат гол и постојани проблеми со физичката подготвеност по летниот трансфер од Њукасл, пишува Дејли Мејл.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, тренерот Арне Слот е претпазлив. „Пред три недели реков дека неговата предсезона заврши. Време е да видиме каде е“, изјави Слот, но и додаде: „Морам да се вратам на тие зборови, бидејќи ако сте три недели на рехабилитација, тоа не ве враќа на нивото на кое бевте пред три недели. Иако нашиот тим ја заврши одлично својата работа, не можете да го споредувате рехабилитацијата со фудбалски натпревари или тренинзи со тимот. Тоа едноставно не е можно.“

Покрај повратокот на Исак, Ливерпул и натаму се соочува со проблеми. Во дуелот со Сити ќе бидат без првиот голман Алисон, иако се очекува негово враќање по репрезентативната пауза за натпреварот против Нотингем Форест. Десниот бек Жереми Фримпонг исто така е надвор од игра, а според претходни извештаи, Холанѓанецот го очекува подолг опоравок од првичните проценки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан и Интер го пресметуваат зголемениот приход од новиот стадион

Двата фудбалски тима од Милано, Интер и Милан, имаат амбициозни планови да ги зголемат при…