Дома Фудбал Директорот на А репрезенѕацијата заврши во притвор

Директорот на А репрезенѕацијата заврши во притвор

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Дени Масев, заврши во притвор пред една недела како што известува „Слободен печат“.

Според достапните информации, Масев е сместен во затворот Шутка. Неговото приведување, неофицијално, е поврзано со мрежата на Раде Трајковски – Штекли, кој беше уапсен претходно поради сомнение за трговија со дрога. Масев се врати на позицијата директор на А-репрезентацијата во јануари, но досега нема официјални изјави од обвинителството за конретните причини за неговото притворање.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Минатата година, во октомври, Масев беше отстранет од својата функција од страна на претходното раководство на ФФМ. Сепак, на почетокот од јануари оваа година беше повторно поставен на истата позиција.

По акцијата на Министерството за внатрешни работи, во која беше задржан, Масев повторно е разрешен од функцијата спортски директор на А-репрезентацијата. Тој не учествуваше ниту на актуелниот собир на националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти го договори Арнолд, а сега го носи и еден од најдобрите дефанзивци во светот

Реал Мадрид очигледно ќе влезе во следната сезона со неколку измени во составот, при што н…