Дома Фудбал Димитриевски се извинил на соиграчите во Валенсија!

Димитриевски се извинил на соиграчите во Валенсија!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски се врати во Шпанија, каде што уште на аеродром беше пречекан од новинарите, а веднаш потоа имал и сериозен разговор со тренерот Карлос Корберан.

Како што откри Корберан, Димитриевски во разговорот се извинил за контроверзните изјави дадени во подкастот на Стефан Лазаров. Во тој настап, голманот меѓу другото зборуваше за опцијата во договорот на вториот голман, како и за тоа дека минатото лето имал конкретни понуди од клубови во четири од најголемите европски лиги, како и од Турција и Саудиска Арабија, но дека Валенсија не му дозволила трансфер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Средбата меѓу Димитриевски и Корберан била тет-а-тет, а недолго потоа, на тренинг, Македонецот се извинил и пред соблекувалната и пред целиот стручен штаб.

„Разговаравме и Столе побара прошка, бидејќи дел од неговите изјави беа неточни и погрешно интерпретирани. Во Валенсија никој нема загарантирано место поради договор. Тој ја сфати ситуацијата и се извини пред тимот, со што ова прашање го сметаме за затворено“, истакна Корберан.

И покрај тоа, клубот ќе го санкционира Димитриевски финансиски, но конкретниот износ засега не се обелоденува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал блиску до договор со ѕвездата на Баерн

Реал Мадрид следи голем број стопери, а наводно сега Дајо Упамекано е трансфер цел број ед…