Дома Останати Кошарка Димитријевиќ со неверојатниот настап против Литванија израмни рекорд и го освои признанието МВП

Димитријевиќ со неверојатниот настап против Литванија израмни рекорд и го освои признанието МВП

Со израмнет рекорд според бројот на реализирани поени на еден натпревар од промена на форматот во квалификациите за ЕП

Нашиот најдобар кошаркар успеа да го израмни рекордот на евро-квалификациите, откако е воведен овој нов формат. На средбата со Литванија во Клаипеда, реализираше 43.поени, ефект што е во ранг на оној кој пред неколку дена го направи репрезентативецот на Германија, Давид Крамер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За жал, неговиот перформанс не беше доволен за Македонија да ја изненади Литванија на гостински терен, иако Димитријевиќ постигна седум тројки, имаше и шест асистенции, четири скока, и три освоени топки, сето тоа доволно и за највисок индекс, 40.

Односно највисокиот во четвртото коло од квалификациите, и избор за најкорисен играч во вториот круг од ФИБА „прозорецот“ во ноември.

Во ТОП 5 на ФИБА се најдe и ефектот кој го имаше Чеди Осман. Кошаркарот на Турција (роден во Охрид), имаше 36 индексни поени за она што го направи на с=гостувањето во Унгарија каде беа подобри од домашната селекција (81:76).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Најава за спектакл во Белград: Дончиќ си поигра со Британците како со мали деца (Видео)

Лука Дончиќ се истакна пред спектаклот во Белградската Арена (четврток, 20 часот). Капитен…